Новите iPhone 12 телефони не вклучуваат полнач и слушалки во кутијата

194

Премиерата на телефонот iPhone 12 се случи пред два дена, а Apple ги изненади сите свои корисници со пониските цени на овие уреди.

Но, во кутијата корисниците нема да добијат полнач, а ниту слушалки.

Тие што веќе имаат полнач од Apple може да продолжат да го користат, а во кутијата доаѓа кабел за истиот, но тие што за првпат ќе преминат на iPhone, треба на цената да планираат барем уште еден дополнителен полнач.

По премиерата на новите модели на iPhone 12, Apple ги намали цените на EarPods што доаѓаат со приклучокот Lightning, од 29 на 19 долари. Исто е и со новиот полнач од 20 вати на Apple, којшто сега чини 19 долари.

Оваа компанија смета дека поради нејзиниот однос кон природата и екологијата, мора да придонесе и за зачувување на животната средина на овој начин, а оваа одлука секако ќе ги намали нивните трошоци за производство. Како резултат, телефоните iPhone 12 ќе доаѓаат во потенки кутии, а Apple тврди дека со помош на намалувањето на кутијата, може да се сместат 70 % повеќе кутии во една палета за време на испораката!

Apple исто така открива дека повеќето нивни корисници се префрлиле на безжични слушалки AirPods и посочуваат дека има повеќе од две милијарди полначи, што значи дека на корисниците не им требаат нови. За разлика од телефоните и часовниците на Apple, моделите iPad сè уште доаѓаат со полначи во кутија.

Треба да се напомене дека Apple ја намали цената на постарите модели на iPhone.

Фото: Twitter