Новите возови ќе донесат поголем број на патници за Железници

151

Makedonski-Zeleznici-Transport-called-tender-for-diesel-and-electric-wagons Нови возови на македонските пруги, борба за повеќе патници, надминување на загубите во патничкиот превоз и планови за големување на товарниот превоз се целите кон кои се среми директорот на МЖ Транспорт а.д., Оливер Деркоски.
Деркоски во интервју за МИА вели дека најдоцна до крајот на овој месец ќе се потпише колективен договор со кој ќе се исполнат поголем број од барањата на вработените во Железници и најавува дека од ЕБОР е добиен кредит од 50 милиони евра, пари со кои ќе се обнови возниот парк. Тој додава дека тендерските документации од страна на консултантите се веќе завршени и се очекува првиот договор за набавка на нови 150 товарни вагони да се склучи во текот на следната недела.
“Понудената цена од сите седум компании кои учествуваа во наддавањето беше пониска од онаа која ние ја предвидовме и тоа ќе ни овозможи да купиме 20 товарни вагони, преку што дополнително ќе се обнови нашиот возен парк. Планираме набавка на шест патнички возови, четири дизел-моторни и два електромоторни, цели гарнитури. Со оваа набавка ќе го направиме првиот чекор кон подобрувањето на капацитетите во патничкиот железнички транспорт според сите стандарди”, вели Деркоски.
Деркоски додава дека во трката за набавка на новите возови се две компании. Во мометов се чека на одобрување од Европската банка на евалуацискот извештај. Целата процедура за доставување на финансиските понуди и потпишувањето на договорт треба да биде завршена до крајот на февруари 2014 година, а првиот воз кој ќе биде изработен по нарачка треба да пристигне во рок од 12 до 14 месеци од потпишувањето на договорот.
Следната година ќе почне и проектот за рехабилитација на осум електрични локомотиви, кој треба да заврши до крајот на 2015 година.