Ново чудо во Дубаи: Градат кула што ќе може да дише

195

Во Дубаи се гради уште една величествена кула којашто ќе биде висока само 302 метри, но ќе може да “дише“.

Холандската архитектонска фирма UNStudio се соочи со голем предизвик, односно, како да се истакне новата зграда во сенка на највисоката кула во светот, Бурџ Калифа, којашто е висока 828 метри.

Тие решија да изградат зграда што ќе биде посебна, рече архитектот и основач на компанијата, Бен ван Беркел, пишува СNN.

Wasl Towel ќе биде завршена во август 2021 година, а Ван Беркел рече дека оваа кула со силна, одржлива конструкција, ќе биде на многу начини специфична.

За изградбата на оваа кула со асиметричен дизајн, што изгледа како извртена златна нишка, ќе бидат потрошени 400 милиони долари.

Керамичката фасада ќе ја рефлектира сончевата светлина во ритмички форми, што ќе создаде впечаток како зградата да дише или како да пулсира, тврдат архитектите. Фасадата ќе остави сличен ефект и во текот на ноќта, бидејќи ќе биде осветлена од лед светла во позадина.

Во оваа необична зграда ќе бидат сместени ланец на луксузни хотели Mandarin Oriental, деловни простории, приватни станови и базени, а во план е да се поврзе и со метро станицата којашто се наоѓа во близина на Бурџ Калифа.