Ново дизел гориво на бензинските на Макперол

32

На бензинските станици на Макпетрол од неодамна во продажба е пуштено новото премиум дизел гориво Ultra Diesel Power Jet кое е надградба на досегашното Ultra Diesel Jet гориво.
Ultra Diesel Power Jet е ново кристално чисто дизел гориво со адитиви кои овозможуваат подобра работа на моторот, зголемена моќност, помала потрошувачка на гориво за 3% до 4%, намалена емисија на гасови и честички и подобрена мазивност на горивото што, пак, значи помирна и потивка работа на моторот и продолжен век на траење.
Новото дизел гориво, како што истакна Виктор Глигоров, раководителот на Секторот за контрола на горива во Макпетрол на денешната прес-конференција, ги исполнува најстрогите барања за квалитет пропишани со европскиот стандард за дизел горива МКС ЕН 590.
“Во новото дизел гориво прв пат во Македонија и во околината се употребува двојна филтрација низ филтри кои се користат за авио горивата. Со тоа се постигнува подобро обезводнување на горивото со хемиски врзаната вода”, рече Глигоров.
Тој нагласи дека новото дизел гориво на Макпетрол сега има за четири пати помалку вода од дозволеното согласно европските стандарди и десет пати помалку од американските.