Ново хит патување меѓу богаташите

165

Заборавете на Карибите, Сејшелите, Барселона, Сицилија, Куба и слични дестинации. Како што пренесува Bloomberg, во мода се “ледени“ крстарења, патувања кон Норвешка, Гренланд, Антарктик.

Туристите сè повеќе бараат уникатни искуства, а ваквите дестинации почна да ги бие добар глас, поради својата оддалеченост, ексклузивност и потенцијални авантури. За да ги задоволат барањата, бродските компании почнаа да нарачуваат бродови коишто успешно пловат по заледени води.

Но, и тука постојат лимити, а се однесуваат на патувањата кон Антарктикот. Том Марчант, основач и ко – сопственик на луксузна патничка компанија Black Tomato, смета дека патувањето до Антарктикот и покрај напредокот во туристичката дејност никогаш нема да стане достапен за обичните луѓе.

“Сепак, станува збор за прилично оддалечено, непристапно и диво опкружување“, вели тој.

Оддалеченоста и ексклузивноста на овие патувања посебно ги привлекува миленијалците, кои се склони на уникатни искуства. Денес најдобро се продава – доживувањето!

Новите бродови, кои се градат за патување во ледени области, се помали, но удобни. Такви бродови изработува компанијата Lindblad Expeditions, чиишто бродови примаат до 45 патници, а често ги изнајмуваат една или две фамилии.

Бродот Magellan Explorer, исто така, нуди незаборавно искуство. Овде се наоѓаат 35 кабини опремени со брачен кревет и приватен балкон, а има и бар, теретана, сауна. Па така, додека патувате низ ледените краеви на -20, во сауна се греете на +90.

Крстарењата траат две или повеќе недели, но со оглед на темпото на живот и деловни обврски, компаниите нудат и тури од една недела. Цената? Од 10.000 долари по личност, со што е јасно дека овие крстарења уште долго време ќе бидат недостапни за обичните луѓе.

Фото: Pexels