Новости: Адутите на Србија за привлекување странски инвестиции

26

investiciiНовите субвенции што ги најавува српската влада за наредните две години не се единствениот мотив за доаѓање на странските инвеститори во оваа земја. Србија е се поотворена кон оние кои сакаат да работат таму, но не ги користи доволно своите потенцијали, пишува Вечерње Новости.

Според експертите, Србија треба да ги искористи адутите што ги има – поевтина, но образована работна сила, добра географска положба, слободен пристап до бројни пазари. Адути што треба да ги искористи Србија се и големите проекти како Белград на вода, термоелектраните, складиштето за резерви на нафта во Панчаво, потоапроектот за изградба на мали хидроцентрали и Ѓердап и Бистрица. Сектори во кои може да се привлече капитал, странски и домашен, се аграрот, ИТ индустријата и телекомуникациите. Уште една област која може да биде интересна за странските инвеститори е издрадбата на коридори и модернизација на железничките пруги.

Како што пишува Новости, анкетата спроведена меѓу странските инвеститори покажала дека дури 96% од нив не жалат поради одлуката да инвестираат во оваа земја.