Новости: Погоните во фабриките како музеи – машините стари во просек по 28 години

22

sr

Погоните во многу српски фабрики повеќе потсетуваат на музеи отколку на производни хали. Во нив се наоѓаат “олдтајмерите” на српската индустрија, а просечната старост на машините е околу 28 години. Најтешка е ситуацијата во текстилната индустрија, каде опремата е стара преку 35 години, а просекот го вадат фармацевтите со опрема стара 21 година, пишува Вечерње новости.

Стопанствениците, поради недостаток на пари и поради високите камати, тешко се одлучуваат за кредит. Дури и кога купуваат опрема, таа не е нова – секоја четврта машина увезена во Србија е половна.

Колку за споредба, во западна Европа просекот на старост на опремата е околу 9,5 години, пишува Новости.