Новости: Турската Јагјемезлер го купува Јумко?

54

sienjeЗа најголемата текстилна компанија на југот на Србија, Јумко, која е во процес на реструктуирање, а вработените се во генерален штрајк од средината на јануари, заинтересирана е турската компанија Јагјемезлер, која работи и во Македонија, потврдил за Новости градоначалникот на Врање, Зоран Антиќ.

“Со менаџментот сме во преговори уште од септември минатата година. Добиме писмо со намери и од тогаш одржуваме постојани контакти со цел да постигнеме конкретен договор, првенствено во интерес на вработените. Станува збор за компанија која работи во Штип и која има сериозни намери да ги прошири своите капацитети со купување на неколку производни целини”, вели Антиќ.

Градоначалникот напоменува дека градот во секој случај ќе ги штити интересите на Јумко и неговите 1.700 вработени.