НУК: Угостителите нема да пропаднат ако добијат 250 милиони евра

37

Од 470 милиони евра субвенции, грантови и кредити од четвртиот пакет економски мерки што ги усвои Владата, најмалку 250 милиони евра треба да им припаднат на угостителите, смета Независната угостителска комора (НУК).

Според Комората, само доколку навистина овие средства завршат на сметка на угостителската индустрија, ниту еден угостител нема да пропадне, ниту пак некој угостителски работник ќе остане без работа и плата.

“Се надеваме дека денешните претставници на т.н. загрозени индустрии на закажаните преговори во 15:00 часот со претседателот на Владата ќе знаат и умеат да се изборат, не само за своите права и потреби, туку за правата и потребите на сите нас што во моментов “животариме”, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски оценува дека угостителите оставени сами на себе, не треба да стравуваат како да ги сочуваат своите бизниси зашто “новата локомотива има капацитет да ги изведе на патот од каде што ќе можат сами да продолжат самостојно да егзистираат за себе и своите вработени“.

Фото: Pixabay