Nvidia испиша историја: Достигна вредност од 5 трилиони долари

Компанијата Nvidia влезе во историјата и стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна 5 трилиони долари. Овој рекорд беше постигнат откако акциите пораснаа за 3,1 процент во претпазарното тргување, ставајќи ја Nvidia пред Apple, Microsoft и Alphabet.

Зголемувањето на вредноста дојде откако извршниот директор Јенсен Хуанг објави дека компанијата има нови нарачки за чипови за вештачка интелигенција во вредност од 500 милијарди долари и ќе изгради седум суперкомпјутери за владата на САД. Оваа вест предизвика огромен бран оптимизам на пазарите и дополнително ја зајакна позицијата на Nvidia како централна сила во светот на технологиите за вештачка интелигенција.

Пазарната вредност на Nvidia е поголема од целиот пазар на криптовалути и е еднаква на половина од вредноста на паневропскиот берзански индекс SOXX 600, кој е референтен индекс на 600-те најголеми европски компании во 17 европски земји. Nvidia имаше пазарна вредност од четири трилиони (четири илјади милијарди) долари во јули. Значи, со брзина што ретко се случува, достигна вредност од пет трилиони долари.