НВО каналите бесплатно еден месец за корисниците на Вип

21

Телекомуникацискиот оператор Вип објавува збогатување на ТВ програмската листа достапна за сите корисници на Вип пакетите кои вклучуваат ТВ услуга, со атрактивните HBO канали преку кои корисниците добиваат можност да ги следат најновите филмски содржини, стои во соопштението.

Со оваа најнова понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот постоечки договор на 24 месеци на некој од Вип тарифните модели кои вклучуваат ТВ услуга ја добиваат можноста да ги следат HBO, HBO 2 и HBO 3 бесплатно во првиот месец.  По завршувањето на промотивниот период корисниците можат повторно да го активираат HBO пакетот и да ги следат содржините на сите HBO канали за месечна претплата од 249 денари.

Преку HBO каналот, како што се наведува во соопштението, корисниците можат да ги следат најновите супер атрактивни премиери на филмови и најпопуларните блокбастери од сите жанрови. Со HBO 2 каналот корисниците добиваат телевизиска програма наменета за најмладите и програми со фамилијарна содржина, комедии и семејни драми во текот на денот, а интересни акциони и трилер филмови во вечерните часови. Преку HBO 3 каналот пак корисниците можат да ги следат едни од најпопуларните серии во светот.