НЅВС затвора над 120 филијали во САД

Британската банка НЅВС затвора голем дел од експозитурите во САД, за да го стави фокусот на богати клиенти.

Банката затвора поголем дел од филијалите за работа со население, со што постоечката мрежа од 148 ќе се намали на околу 25 филијарди, коишто ќе се претворат во меѓународни центри за управување со богатство, пренесува CNN.

Иако НЅВС и понатаму ќе биде присутна во САД, тамошниот тим ќе го префрли фокусот од работа со население на меѓународно банкарство и управување со богатство, првенствено на потребите за глобално поврзување на богатите клиенти со висока нето вредност.

Одлуката за повлекување од банкарството на мало била долгоочекувана, бидејќи банката во последните години повеќе пати предупредуваше на потребата за намалување на трошоците, посебно во САД, каде веќе долго време мака мачи да стекне упориште меѓу населението, односно меѓу секојдневните корисници на банкарски услуги.

Британската банка планира да продаде дел од своите деловни единици на други играчи во банкарскиот сектор во САД.

Фото: Pexels