Обама ќе бара фонд од една милијарда долари за климатските промени

26

climate-changeАмериканскиот претседател Барак Обама ќе предложи основање на фонд од една милијарда долари за намалување на влијанието на климатските промени. Обама ќе ја предложи новата мерка во рамките на расправата за нацрт буџетот за 2015 година.

Новиот фонд ќе финансира истражувања за последните климатски промени, како и заштита на заедницата и инфраструктурата.

Расправата за буџетот почнува во март.