Обединетото Кралство ќе издаде свој NFT

60

Економскиот секретар на Министерството за финансии на Велика Британија, Џон Глен, одржа говор оваа недела на Светската конференција за иновативни финансии и технологија (Fintech Week 2022). Тој зборуваше за тоа како нивната земја е втор најголем финтек центар во светот, веднаш по САД, и дека владејачката партија подготвува нов сет на закони кои дополнително ќе овозможат иновации во областа на финансиските технологии. Нивната цел, вели Глен, е да создадат динамична регулаторна средина што ќе одговара на сите на тој пазар.

Меѓу другото, тој се осврна и на недоволно добрите законски решенија со кои Обединетото Кралство сега ја регулира оваа област и најави дека тамошните закони наскоро ќе дозволат вклучување на криптовалути, пред се стабилни монети (stablecoin), во одредени платежни системи. Ова ќе им овозможи на издавачите на такви монети да ги обезбедуваат своите услуги и да работат и да растат во таа земја, додека плаќањата на „стејблкоини“ ќе станат посигурни и ќе можат да ја добијат довербата на корисниците.

Најавени се дополнителни регулативи за покривање на криптовалутите, во смисла дека ќе поддржат безбедна и одржлива средина за иновации во оваа област. Блокчејн технологиите веќе се користат во меѓународната трговија за следење на увозот во Британија, а ќе има уште повеќе такви апликации.

Кога станува збор за иновативни апликации на дигитални токени, запишани на блокчејн, неизбежно се зборува за незаменливи токени, NFT. Британскиот министер за финансии Риши Сунак веќе побара од Royal Mint да создаде сопствен NFT. Иако сè уште не се знае што ќе биде NFT или за што ќе се користи, Глен истакна дека ќе излезе до лето, и ќе биде „знак за модерен пристап и поглед на иднината, по кој севоди сегашната британска влада“.

Повеќе детали за првиот официјален британски незаменлив дигитален токен треба да бидат познати наскоро.