Обединетото Кралство воведе санкции на вториот најбогат човек во Русија

55

Обединетото Кралство  објави дека воведе санкции за рускиот „крал на никелот“, Владимир Потанин, кој важи за вториот најбогат човек во Русија.

Потанин е ставен на најновата британска листа од 13 нови санкции, која вклучува и други деловни луѓе, финансиски компании и субјекти, пренесува Ројтерс.

„Потанин продолжува да собира богатство додека го поддржува режимот (на рускиот претседател Владимир Путин), преземајќи ја Росбанк и акциите во Тинкоф банка во периодот по руската инвазија на Украина“, се вели во соопштението на владата во Лондон.

Нето вредноста на Потанин во голема мера зависи од вредноста на неговиот удел од 36 отсто во Норилск никел, најголемиот светски производител на паладиум и рафиниран никел.