Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход

50

Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани лични податоци.

Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка.

На листата се наоѓаат граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Фото: Freepik