Објавен договорот за проектот Белград на вода

264

belgrad na voda

Српската влада го објави Договорот за заедничко вложување во проектот Белград на вода, пишува Екапија.

Според градоначалникот на Белград, Синиша Мали, создадени се услови за негово објавување бидејќи стана правосилен, откако градот го заврши расчистувањето околу амфитеатарот на Сава, а арапскиот инвеститор во четвртокот уплати 20 милиони евра за реализација на тој проект.

Камен темелникот, како што најави Мали, ќе биде поставен на 27-ми септември.

Градоначалникот на Белград изјави дека во текот на следната недела очекува потпишување на договор со “реномиран синџир на хотели“, чие име не го открива.

“Ќе го ангажираме домашниот градежен сектор и ќе отвориме нови работни места“, изјави Мали.