Објавен повик за неповратни финансии за продавници за органска храна

24

Неповратни финансии за инвестиции во воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продавници за продажба на органска храна во Скопје ќе додели Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пишува Миа.

На објавениот повик што ќе биде отворен до 22-ри следниот месец, право на поднесување барања за користење средства имаат правни лица регистрирани за вршење на дејноста согласно Законот за трговски друштва.

Повикот е дел од мерката 1.4 Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за годинава.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 600.000 денари, надомест на трошоци за закупнина во висина од 50% од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000 денари месечно, како и надомест на трошоци за најмногу две лица вработени за продажба во органската продавницa во висина од 100% од просечната месечна бруто плата во дејноста.