Објавен повик за средства за системот капка по капка

25

Објавен е јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнување, пишува Миа.

Повикот ќе трае еден месец, до 20 април 2015 година. Барањата доставени по крајниот рок нема да бидат разгледувани. За оваа мерка финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Максималната вредност на прифатливи трошоци е до 922.000 денари за инвестиции во систем за наводнување на пченка и фуражни култури и до 364.000 денари за инвестиции за бунари.

Право на користење средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.