Објавен списокот на компании кои примиле државна помош, а не исплатиле ноемвриска плата

143

Владата го објави списокот на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

Според податоци од Управата за јавни приходи, по добиените опомени 351 претпријатие ја исплатиле платата за месец ноември.

Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа, се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22  во транспортот.

Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf.