Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот – на кое место е македонскиот

38

Консултантската фирма за државјанство и престој со седиште во Лондон, Henley & Partners објави ревидирана листа на најмоќни пасоши во светот, а македонскиот е на 47-то место. Од земјите во регионот, хрватскиот е на 18 -то место, словенечкиот на 11 -то, српскиот на 39 -то, пасошот на Босна и Херцеговина е на 54 -то, а црногорскиот е на една позиција пред нас, на 47 -то место.

Најновиот извештај од лондонската фирма за советување за државјанство и престој Henley & Partners покажува дека глобалниот јаз во слободата на патување никогаш не бил поголем, пишува CNN.

Најмоќните пасоши во 2021 година се:

1. Јапонија, Сингапур (192 дестинации)

2. Германија, Јужна Кореја (190)

3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија (189)

4. Австрија, Данска (188)

5. Франција, Ирска, Холандија, Португалија, Шведска (187)

6. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија (186)

7. Чешка, Грција, Малта, Норвешка, Обединетото Кралство, САД (185)

8. Австралија, Канада (184)

9. Унгарија (183)

10. Литванија, Полска, Словачка (182)

Најлошите пасоши:

109. Северна Кореја (39 дестинации)

110. Непал и палестинските територии (37)

111. Сомалија (34)

112. Јемен (33)

113. Пакистан (31)

114. Сирија (29)

115. Ирак (28)

116. Авганистан (26)