Објавена листа на најдобрите кинески брендови

74

Американскиот технолошки гигант Гугл и глобалната истражувачка компанија Кантар заеднички објавија листа на водечки кинески брендови. Водечки на листата се ByteDance, Alibaba и Lenovo, додека Hisense е прогласен за најдобар производител во областа на апарати за домаќинство, а шеста година по ред е меѓу првите 10 кинески компании.

Престижната листа на кинески глобални топ 50 градители на брендови беше претставена на Самитот на Google во странство Think with Google 2022 година и ги вклучува резултатите од истражувањето на повеќе од еден милион потрошувачи од 11 земји.

Овогодинешното истражување беше спроведено на различни пазари, вклучувајќи ги Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Шпанија, Обединетото Кралство и САД. Истражувањето спореди 383 кандидати во 18 категории со брендови на локалните пазари за да ги избере последните 50 најдобри.

1 ByteDance – апликации
2 Alibaba –  Е-трговија
3 Lenovo –  потрошувачка електроника
4 Xiaomi –  потрошувачка електроника
5 Huawei –  потрошувачка електроника
6 OPPO –  потрошувачка електроника
7 Hisense  – aпарати за домаќинство
8 OnePlus – потрошувачка електроника
9 Haier – апарати за домаќинство
10 SHEIN –  онлајн мода

Фото: Freepik