Облачно и нестабилно време со температура до 32 степени

22

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Поројни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално може да наврнат и над 35 литри на метар квадратен.

Температурите ќе се движат од 21 до 32 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 27 степени.