Облачно со локален дожд, на планините снег

16

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, а околу пладне и попладне се очекува краткотраен локален дожд. Во западните делови, особено на планинските превои, можни се врнежи од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на исток и долж Повардарието повремено ќе се засилува по интензитет. Температурата ќе се движи од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно, а околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.