Облачно со повремен дожд

21

Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно на места со повремен дожд и локална појава на грмежи. Во северозападните делови се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец кој на моменти ќе се засилува по интензитет, особено во западните подрачја.

Дневните температури ќе се движат од 20 до 32 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.