Облачно со повремен дожд, попладне разведрување

21

oblacno-sonce-pixabay

Фото: Pixabay

Во Македонија времето денеска ќе биде со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 17 до 22 степени.

Во Скопје и околината слично време, претпладне со повремен локален дожд, а во попладневните часови постепено врнежите ќе престануваат и ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степени.