Облачно со повремени врнежи од дожд

20

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, a на планините ќе има врнежи од снег. На некои повисоки места, особено во североисточниот дел, се очекува да има врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од четири до осум степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до осум степени.

Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено ветерот од јужен правец ќе се засилува.