Облачно време со дожд и грмежи

22

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со локален дожд и грмежи, особено во северните и источните делови од земјата.

Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб ветер со променлив правец.

Утринските температури се од 11 до 21 степен, а дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степени.