Очила за сонце од рециклиран тексас

40

Mosevic-Solid-Denim-SunglassesSolid Denim е посебна линија на очила на сонце од британската компанија Mosevic. Она што ја разликува од останатите е тоа што рамките се изработени од рециклиран тексас.

На местата каде лежат, односно на носот и ушите, нанесени се повеќе слоеви од овој цврст и издржлив материјал, дополнително збогатени со смола којашто придонесува за стабилноста на рамките.

Како и сите производи на Mosevic, така и овие очила се рачно направени во нивната работилница во Корнвол, Англија. Поларизираните леќи се дело на германската компанија за оптички инструменти Zeiss, а според извршниот директор на Mosevic, Џек Спенсер секој пар од очилата е уникатен во однос на облик, боја и текстура.

Цените започнуваат од 204 долари па нагоре.
img_2_1430142209_81bb3456f20b3b6d4e08f14be4f568dasolid-denim-sunglasses-by-mosevic-51Solid-Denim-Sunglasses-by-Mosevic-1