Од 1 јануари нивото на афлатоксин во млекото во Србија по европски стандарди

74

verre de lait dans l'herbe verte

Српската министерка за земјоделие и заштита на животната средина Снежана Богосављевиќ – Бошковиќ најави вчера дека од 1 јануари целото млеко на српскиот пазар ќе има дозволено ниво на афлатоксин до 0,05 микрограми по килограм, јавува Танјуг.

На многу земји од ЕУ за прилагодувањето на овој стандард, од 0,5 на 0,05 микрограми по килограм им биле потребни дури седум години, додека во Србија стандардот е воведен за многу пократко време, потенцираше министерката. Според неа, здравствената безбедност и квалитет на земјоделските производи ќе бидат приоритет во наредниот период и се работи на воспоставување систем за полесна и побрза контрола, а треба да почне со работа и Националната референтна лабораторија.