Од 10 -те најбогати луѓе во светот само еден не е Американец

173

Десетте најбогати луѓе на планетата имаат вкупна нето вредност од 1,4 трилиони долари. Кои се ултра богатите поединци од клубот од 100 милијарди и кој е изворот на нивното богатство? Visual Capitalist дава преглед на 10 -те најбогати луѓе на планетата.

Кој е во клубот?

Илон Маск во моментов е најбогатиот од сите, со вкупна нето вредност од 198 милијарди долари.Треба да се напомене дека не се работи само за имот во пари, туку и за други видови како што се недвижен имот, акции и слично.

Забележителен е фактот дека од 10 -те најбогати, дури девет од нив доаѓаат од Соединетите држави. Само Бернард Арно, сопственик на познати луксузни брендови како Луј Витон, е “странец“ на листата. Исто така, осум од десет од нив стекнаа богатство благодарение на водењето бизнис во технолошкиот сектор.