Од 2019 година Турција смени тројца гувернери

57

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган без претходна најава го сменил гувернерот на централната банка, Наџи Агбал, откако ги подигна каматните стапки за да ја запре инфлацијата. На негово место го постави поранешниот пратеник во владејачката партија и критичар на строгата монетарна политика, Сахап Кавичиоглу.

Ова е третпат од 2019 година Ердоган, кој повеќе пати се залагаше за пониски каматни стапки, го менува гувернерот, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите предвидуваат дека турската лира ќе ја намали вредноста кога ќе се отворат пазари, по што повторно ќе ѝ биде зададен удар на кредибилитетот на централната банка.

Доскорешниот гувернер е именуван пред помалку од пет месеци, а доби големи пофалби поради подигнување на каматната на 19%, што е највисоко ниво во било кој голема економија. Неговата неочекувана смена доаѓа откако банката во четвртокот ја зголеми каматата за повеќе од 200 поени, што е потег со којшто би требало да се намали инфлацијата од 16% и пад на лирата.

Од моментот кога Агбал застана на чело на централната банка на Турција, лирата ја зголеми вредноста за повеќе од 15%, а биле слеани и околу 20 милијарди долари од странски фондови.

Фото: Pixabay