Од 2030 година, Daimler ќе продава само електрични автобуси во Европа

38

Германскиот производител на автобуси Daimler Buses во понеделникот објави дека од 2030 година ќе продава само целосно електрични градски автобуси во Европа.
„Ние ги фокусиравме нашите инвестиции на целосно електричниот сегмент на градски автобуси во Европа од крајот на деценијата“, рече Тил Обервордер, шеф на одделот за автобуси на Daimler Truck, пред состанокот за е-мобилност во Манхајм во понеделник.

Во 2018 година, Daimler Buses го лансираше целосно електричниот градски автобус „eCitaro“. Обервордер рече дека е задоволен од претставувањето на моделот, истакнувајќи дека моментално има повеќе од 600 на европските патишта.

„Дајмлер Бус“ продаде 18.736 автобуси минатата година, но не сакаше да открие колкав дел од тие електрични.

Уделот на автобусите кои користат електрична енергија како гориво е сè уште низок. Според Здружението на германски транспортни компании, од 35.000 автобуси на германските патишта минатата есен, 1.200 биле електрични.

Не е доволно да се произведува електричен автобус, треба да се смени инфраструктурата, нагласи Обервордер. „Треба да се прилагодат капацитетите за складирање и да се размислува за работилници за полнење и сервисирање“, рече тој.