Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

25

Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина успеаја да воспостават свој регулаторен пазар и од 30 следниот месец меѓусебно да комуницираат по драстично намалени цени во роаминг, оцени денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, јавува Миа.

Според потпишаната Спогодба помеѓу четирите држави, македонските државјани од 30 јуни при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за минута разговор во роаминг ќе плаќаат 17,9 денари. Поевтинувањето на разговорите е за 73%, додека цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за речиси 90%, а еден мегабајт ќе чини 43 денари. Се намалува и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5,6 денари за порака.

За регулацијата на електронските комуникации, регулаторните мерки и помош за поттик на развојот на нови технологии, како и новите услуги за сите корисници на оваа индустрија се дебатира на Меѓународната регулаторна конференција што се одржува од денеска до 20 мај во Скопје и Охрид, во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).