Од денес слободен увоз на пченица од Србија

22

Durum WheatМакедонија денес ја укинува спорната одредба за ограничување на увозот на пченица, а според српските власти најважно е што проблемот е решен по институционален пат, со помош на ЦЕФТА.

“Го свикавме комитетот на ЦЕФТА и добивме подршка од сите членки. Македонија беше таа која беше лошо момче во оваа ситуација и не беше коректно што го пролонгираа моментот кога ќе ја укинат оваа мерка”, изјавил Данило Голубовиќ, државен секретар во српското министерство за земјоделство.

Имено, Владата минатата недела одлучи да ја укине мерката за ограничување на увозот пченица бидејќи оцени дека пазарот е стабилизиран, а одлуката стапува на сила од денес.