Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 и на дизелот се зголемува за половина денар за литар, додека поскапување за еден денар има кај бензинот БС-98.
Бензин БС-95 се продава за 76,5 денари за литар, бензинот БС-98 за 79 денари, а дизелот за 70,5 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство, не се менува и таа останува иста – 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,01 денари за килограм се намалува цената на мазутот и ќе се продава за 45,765 денари за килограм.