Од денеска истурени штанови за наградната игра Фискална во рака – награда без мака низ Македонија

22

Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра Фискална во рака – награди без мака стартуваат од денеска, објави министерството за финансии.
Симболично отпочнува одбројувањето до новото извлекување на наградната игра кое ќе биде на 24 февруари 2014 год. Пунктовите на Државна лотарија на Македонија, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат пликоата со фискални сметки за учество, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија според следниот распоред:

Вторник 11.02. ВЕЛЕС (продажно место ЛОТО77)
Среда 12.02. ШТИП (продажно место ТУТУН ПРОМ)
Четврток 13.02. КОЧАНИ (продажно место АНАФИЛ)
Петок 14.02. СТРУМИЦА (продажно место ВАТКОС)
Сабота 15.02. ГЕВГЕЛИЈА (продажно место МОНТЕ МК)
Недела 16.02. КАВАДАРЦИ (продажно место СИГМА)
Понеделник 17.02. ПРИЛЕП (продажно место ТОБАКО ПЛУС)
Вторник 18.02. БИТОЛА (продажно место ВАГАБОНД)
Среда 19.02. ОХРИД (продажно место ПРАГМА)
Четврток 20.02. СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)
Петок 21.02. КИЧЕВО (продажно место АНДРОКО)
Сабота 22.02. ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)
Недела 23.02. ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)

Во Скопје пак, секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица Македонија пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во Техномаркет – Сити Галери и во зградата на МРТВ.
Главна награда на извлекувањето на 24 февруари ќе биде Сеат Ибица, а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари. Правилата за учество се едноставни – 20 фискални сметки со датум од 15.11.2013 наваму да се стават во стандарден бел коверт и да се испратат до Државна Лотарија на Македонија со назнака за Фискална во рака – награди без мака. Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.