Од денеска започнува Саемот за мебел во Скопје

73

saem za mebel 2015

Од денеска до 29-ти овој месец, на скопски Саем ќе се одржи 41-то издание на Меѓународниот саем за мебел 2015 година. Во 10 саемски хали, на површина од 16.000 метри квадратни, ќе има над 400 домашни и странски изложувачи кои ќе претстават над 10.000 парчиња мебел.

За изложувачите, Скопски саем традиционално организира конкурс за најдобри експонати на саемот по различни категории во класа на производители и класа на трговци. Изборот го врши стручна комисија во која се вклучени и професори од Факултетот за дизајн и технологија за мебел, Архитектонски факултет, како и претставници на Асоцијацијата на архитекти, Министерство за економија и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија.

Организаторите очекуваат на овогодинешното издание на Саемот за мебел да има околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетителите.

Саемот за посетители ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти Скопски саем овозможува попуст од 50%.