Од идеја до бизнис: Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip

18

После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje го најавува и петтото издание на Code App Level Up, коешто ќе трае од 15-ти до 21-ви април под темата Startup Edition powered by Vip.

Имате идеја, но не знаете како да ја реализирате и да започнете сопствен старт – ап бизнис? Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip што ќе започне на 15-ти април и ќе трае до 21-ви април е совршена можност за вас. Целта на натпреварот е да ги едуцира и насочи младите кон правилна имплементација на своите ИТ идеи и да се поттикне претприемачкиот развој.

Дел од настанот ќе бидат предавачи и ментори кои зад себе имаат успешни старт – ап проекти и кои своето искуство ќе им го пренесат на учесниците. Тимовите во текот на целиот натпревар ќе работат со своите ментори од кои ќе добијат насоки и совети како да ги имплементираат своите идеи. Покрај тоа што овој натпревар е одлична шанса да се дознае нешто повеќе за развивање на старт – ап бизнис, учесниците ќе се стекнат со нови знаења и искуства во полето на програмирање, дизајн и претприемништво.

Натпреварот официјално беше најавен на 16-ти март на Vip Startup Academy, којашто беше одржана во главната зграда на Вип, каде учесниците детално се информираа за процесот на аплицирање. Учеството на настанот е целосно бесплатно, а сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк до 25-ти март.