Од извоз на млеко лани заработивме над шест милиони долари

54

Извозот на млеко минатата година изнесуваше 28,6 милијарди долари, а најголем удел има Нов Зеланд со 6,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу петте најголеми извозници на млеко во светот лани беа и: Германија (2,9 милијарди долари), Холандија (2,4 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари) и Белгија (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на млеко лани имаше Словенија со 132,8 милиони долари. По нејзе следат: Босна и Херцеговина (36,2 милиони долари), Србија (29 милиони долари), Грција (21,5 милиони долари), Хрватска (15,8 милиони долари) и Бугарија (13,8 милиони долари).

Нашата земја лани извезе млеко вредност од 6.027.000 долари и со тоа е 69-та во светски рамки.

Фото: Pixabay