Од извоз на никел оваа земја заработи 1,7 милијарди долари

46

Извозот на никел во светот минатата година достигна вредност од 4,6 милијарди долари или 61,1% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Над 37% од вкупниот извоз на овој метал или 1,7 милијарди долари отпаѓа на Индонезија. Меѓу петте најголеми извозници на никел во светот се и: Зимбабве (737 милиони долари), Филипини (600 милиони долари), Нова Каледонија (480 милиони долари) и Австралија (307,5 милиони долари).

Од регионот, најголем извозник на никел е Албанија со 6,9 милиони долари и е 13-та во светски рамки.

Фото: Pixabay