Од кои земји нѝ доаѓаат најмногу туристи

76
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2023 година изнесува 55 875, од кои 38.6 % се домашни туристи, а 61.4 % се странски туристи.

Најбројни се туристите од Турција 6.227 туристи, Грција со 4.718 туристи, Србија 4.066, Бугарија 3.355 и Албанија 2.240 туристи.

Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните туристи, а 58.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6 %, а кај странските има зголемување за

36.6 %.
Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 10.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за
22.9 %.