Од Лондон до Париз за 47 минути – воз развива брзина до 620 километри на час

258

Кина претстави прототип на супер брз воз, за ​​кој неговите креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.

Овој воз е двојно побрз од возот Eurostar и со таа брзина би можело да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути.

Кинеското сообраќајно чудо е направено исклучиво под домашна режија, а правењето прототип долг 21 метар чинело околу 7,5 милиони евра.