Од полноќ повисоки цени на горивата

19

benzinОд ноќеска на полноќ поскапуваат горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе поскапи за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 81 денари за литар, додека за три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на Еуросуперот-98 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуродизелот 70 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 59 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг, на 41,883 ден/кг.