Од понеделник разговори за потенцијално издавање на евро обврзницa

14

Претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ од 14 јули ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање на еврообврзница од страна на Република Македонија, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд – шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата.

Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на досепани обврски и обврски кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година.