Од први јануари Белград ги забранува пластичните кеси

32

Главниот град на Србија, Белград, од први јануари 2020 година ќе ги забрани пластичните кеси. Одлуката едногласно беше донесена од страна на градското собрание, пишува N1.

Ќе биде дозволена само продажба на лесни биоразградливи и хартиени кеси, додека вообичаените пластични кеси веќе нема да можат да се користат, ниту купат.

За заменик градоначалникот на Белград Горан Вешиќ ова е голем и важен чекор, но сепак ќе биде потребно време граѓаните да се приспособат на новите навики.

Со цел одлуката да се спроведе како што треба трговските објекти ќе подлежат на инспекциски контроли.

Според Вешиќ со оваа историска одлука Белград се приклучува кон останатите напредни светски градови.

На територијата на градот годишно се употребуваат две милијарди пластични кеси.

Фото: Pixabay