Од први јули бесплатен роаминг низ Западен Балкан

257

Од први јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан. Тоа значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома. За не цели четири месеци од сега, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, ќе започнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поефтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80%, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот, беше најавена за први јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Фото: Pixabay