Од први ноември само електронско поднесување на уписи во Централниот регистар

42

Од први ноември сите уписи во Централниот регистар, поточно во трговскиот регистар, ќе се вршат само електронски преку регистрациони агенти, пишува Миа.

Ова е во рамки на измените во законите за трговски друштва и за едношалтерскиот систем и за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Со последните законски измени, категоријата регистрационен агент е проширена со адвокатите кои првпат земаат учество како професионална заедница при електронските уписи во Централниот регистар.

Сите уписи во Централниот регистар ќе добијат на квалитет затоа што пријавите и сите поднесоци до Централниот регистар за упис во трговскиот регистар ќе се поднесуваат од овластени подносители кои квалитетно и успешно ќе може да ги поднесуваат и нема да има проблеми околу уписите за да се враќаат документите назад итн.

Појасни дека Централниот регистар за таа цел извршил надградба на постојното софтверско решение односно на системот за е-регистрација и од нивна страна бил тестиран системот кој веќе е спремен за пуштање во употреба.

“Ги почнуваме обуките на адвокатите во Скопје. Досега извршивме обуки во 12 поголеми градови во Македонија на кои учествуваа над 300 адвокати, а во Скопје веќе имаме пријавено околу 450 адвокати. Паралелно на тоа се поднесуваат и барања за добивање овластување за регистрационен агент”, рече директорот на Централниот регистар на Република Македонија, Андреа Поповски.