Од шега во карантин до изум – студенти измислија автомат за пиво

82

Тројца студенти од Холандија направија автомат којшто точи пиво за само седум секунди.

Станува збор за Bierport, изум на тројца студенти од Универзитетот во Ајндховен, кој настанал на шега во време на пандемија. Додека младите иноватори се обидувале на корисен начин да го поминат слободното време во карантин, дошле на идеја да направат автомат што точи пиво за многу кратко време, а може да се користи на фудбалски натпревари, музички фестивали и други настани на кои се создаваат големи редови пред шанковите каде се точи пијалак, пренесува хрватски Bug.

Се чини дека нивниот изум може да послужи и во време на пандемија, кога е неопходна социјална дистанца.

Bierport функционира како автомат за кафе и грицки, а келнерите не мора да се плашат дека ќе останат без работа, бидејќи уредот, според неговите креатори, мора да се надополнува со буриња и пластични чаши.

Фото: Instagram