Од што зависи отворањето на туризмот во Грција?

29

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис изјави дека владата, бизнисмените и вработените во туристичкиот сектор и понатаму ќе ги поддржуваат вонредните економски мерки.

Во разговор за грчката телевизија, Теохарис рекол дека е направен план за отворање на туризмот, во којшто е вклучена одредба дека приоритет при вакцинирање ќе имаат луѓето кои се занимаваат со туризам.

“Експертите ќе го испитаат планот, а отворање на туризмот ќе зависи од напредокот во вакцинирањето во Грција“, рекол тој.

Фото: Freepik